Линкови за пристапност

Надворешната политика на Бајден под лупа на гласачите во САД


Американските вредности се она што не прави партнер со кој другите нации сакаат да соработуваат”, рече претседателот на САД, Џо Бајден.
Американските вредности се она што не прави партнер со кој другите нации сакаат да соработуваат”, рече претседателот на САД, Џо Бајден.

Додека претседателот Џо Бајден се обидува да го задржи својот фокус во 2023 година на стратешкото ривалство на САД со Кина и војната во Украина, крвопролевањето во Газа ја става неговата надворешнополитичка агенда под лупата на американските гласачи. Известува Патси Видакусвара.

Насилството во Газа и војната во Украина ја доведоа годината до бурен, крвав крај. И ја тестираа надворешна политика на претседателот Џо Бајден.

“Американското лидерство е она што го држи светот заедно. Американските сојузи се тие што не чуваат, Америка, безбедни. Американските вредности се она што не прави партнер со кој другите нации сакаат да соработуваат”, рече претседателот на САД.

Бајден досега ја поддржуваше Украина, предводејќи ја коалицијата за одржување на речиси двегодишната борба на Киев против инвазијата на Москва. Но, понатамошното американско финансирање беше блокирано од републиканците кои бараат построга американска гранична политика.

Во однос на Кина, Бајден се справи со интензивното ривалство без да навлезе во конфликт, притискајќи го Пекинг особено во високотехнолошката конкуренција и безбедноста, преку зајакнување на сојузите во Европа и Индо-Пацификот.

“Имаме уште четири бази на Филипините што можеме да ги користиме. Можеме да помогнеме да ги зближиме Јапонија и Јужна Кореја, се надеваме дека можеме да го одржиме тоа. НАТО сега има мисија во Индо Пацификот - таа се обликува, но очигледно е таму. Преку АУКУС, преку Квад, преку посветеноста на Јапонија за зголемување на нејзиниот воен буџет - направивме извонредно добро”, смета аналитичарот Роберт Дејли од „Вилсон центар“.

Американското лидерство е докажано во многу региони, изјави за Гласот на Америка, Џон Кирби од Советот за национална безбедност.

“И јас би очекувал да видам во минатата година од овој мандат, да ја спуштиме ногата на педалот за гас и да ги туркаме сите овие промени - уште подалеку и напред”, истакна Кирби.

Но, поддршката на САД за својот најблизок сојузник на Блискиот Исток сега е под лупа, откако Хамас ја проби израелската блокада и започна смртоносни напади во октомври.

Одмаздничките напади на Израел против терористичката група назначена од САД предизвикаа огромни цивилни жртви во Појасот Газа, предизвикувајќи гнев во арапскиот свет и загрозувајќи ја стабилноста на регионот, особено ако иранските поддржувачи како Хезболах се приклучат на борбата.

Газа дополнително ја искомплицира целта на Вашингтон да го намали фокусот на Блискиот Исток и да се сврти кон Азија.

Покрај севернокорејските и иранските нуклеарни закани, војната во Газа е уште еден надворешнополитички товар додека Бајден се подготвува за својата кандидатура за реизбор во 2024 година.

“Јавноста е искрено уморна од активистичка надворешна политика. И така, мислам дека она што го гледаме е дека додека САД ја одржуваат поддршката за сите овие различни работи во моментот, тоа само ќе оди потешко и потешко напред, а креаторите на политиката ќе мора да почнете да правите избори во следната година или две”, смета Ема Ешфорд од центарот „Стимсон“.

Иако за победа надворешната политика вообичаено не е одлучувачка, поддршката на Бајден за Украина и Израел и заканата да биде вовлечен во нова војна во Европа или на Блискиот Исток вознемирува многу Американци.

Особено кога неговиот веројатен ривал, републиканскиот фаворит и поранешен претседател Доналд Трамп, тврди дека неговата изолационистичка надворешна политика под мотото „Америка на прво место“ ја одржуваше земјата безбедна и просперитетна додека тој беше на функцијата.

XS
SM
MD
LG