Линкови за пристапност

Надежи за владеење на небото: Украина ги покажа авионите Ф-16


Украинските власти велат дека борбените авиони од типот Ф-16 ќе имаат важна улога во заштитата на Украина од руски напади
Украинските власти велат дека борбените авиони од типот Ф-16 ќе имаат важна улога во заштитата на Украина од руски напади

По повеќекратните одложувања, Украина овој месец објави дека почнала да добива борбени авиони Ф-16 од САД од нејзините европски сојузници. Не е јасно колку се испорачани иако околу 20 се очекува да пристигнат оваа година. Известува Марија Прус

Долгоочекуваните борбени авиони Ф-16 пристигнаа до украинско небо. На видео објавено на 4 август од Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, служи како прва официјална потврда за испораката на овие борбени авиони во Украина.

Тоа е голема надградба за украинската авијација која до неодамна се состоеше од само воени авиони од советската ера. Но, авионите Ф-16 не би можеле да се спротивстават на напредните руски системи, а генералот Џејмс Хекер, командант на американските воздухопловни сили во Европа вели дека тие нема веднаш да ја променат пресметката на бојното поле.

Борбените авиони Ф-16 летаат на украинското небо
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

„Тоа не е дека одеднаш со тоа што имаат Ф-16 ќе обезбедат супериорност во воздухот“, вели генералот Хекер.

Кога ќе имаат 12, 24, 36 авиони, тогаш навистина станува предизвик
Џефри Фишер, пензиониран полковник од САД

Но, пензионираниот полковник на американското воено воздухопловство Џефри Фишер вели дека F-16 се многу способни авиони и во број тие ќе имаат влијание.

„Кога ќе имаат 12, 24, 36, тогаш навистина станува предизвик. Зашто сега се во можност да извршат мисијата што мислам дека Украина сака да ја постигне – воздушна супериорност, да може да го контролира воздухот над сопствената територија и потоа да проектира воздушна моќ над руските сили“, смета Фишер.

Западните сојузници на Украина ѝ ветија околу 65 авиони од типот Ф-16. Друг предизвик е недостигот од обучени украински пилоти. Поранешниот пилот на Ф-16, Ден Хемптон, вели дека можно решение би било да се поканат поранешни пилоти на Ф-16 од западот и да летаат за Украина.

„Тоа би биле луѓе како мене. Тоа би овозможило волонтерски да и помогнеме на Украина, и тогаш можеме да го решиме проблемот“, посочува Хемптон.

Украинските власти велат дека борбените авиони од типот Ф-16 ќе имаат важна улога во заштитата на Украина од руски напади.

XS
SM
MD
LG