Воени бродови на САД пловат кон Газа во хуманитарна мисија. Наредено од претседателот да изградат пловечко пристаниште во морето на плажите во Газа за доставување помош.
„Откако ќе биде изграден и ќе биде целосно способен за мисија, ќе можеме да доставуваме околу 2 милиони оброци помош дневно на брегот“, вели генералот Бред Хинсон од Армијата на САД.
Но, експертите велат дека процесот е скап и одзема многу време.
„Потребна е и логистика од брегот. Најдобриот начин да се достави помош е преку камиони“, смета Мајлс Кагинс, полковник.
Потребна е и логистика од брегот. Најдобриот начин да се достави помош е преку камиониМајлс Кагинс, полковник
Но, камионите и дистрибутивните центри се на удар на гранати оставајќи ги палестинските граѓани гладни.
На пловечкото пристаниште му се потребни недели за да пристигне и да се изгради уште десетина дена.
Во меѓувреме, американската војска и други земји како Јордан и Египет испраќаат помош за Појасот Газа.
Но, дури и секојдневните напори даваат само малку олеснување, при што товарниот авион Ц-130 може да дистрибуира приближно исто количество помош како и еден камион.
Шон Мекфејт, авторот на „Новите правила на војната“, вели дека плановите за пуштање помош од воздух и дистрибуција на пристаништата на САД се непромислени.
„Не знаете дали помошта оди до вистинските луѓе затоа што немате директна физичка контрола над неа, а знаеме дека Хамас краде од народот, така што ми изгледа повеќе како политички трик во изборна година со ваквата администрацијата која ќе каже дека се прави нешто, наместо навистина да се направи нешто“, смета Шон Мекфејт од Универзитетот во Сиракуза.
Секој изминат ден од војната им носи повеќе страдања на Палестинците.