Линкови за пристапност

 
Најмалку 51 жртва во пожарот во Кочани: Приведени лица поврзани со организација на настанот во опожарената дискотека

Најмалку 51 жртва во пожарот во Кочани: Приведени лица поврзани со организација на настанот во опожарената дискотека


Министерот Панче Тошковски рече дека има приведени лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Министерот Панче Тошковски рече дека има приведени лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Министерот Тошковски рече дека имало приведувања на лица кои се поврзани со сопствеништвото на објектот каде што се случи пожарот, а приведени се и лица поврзани со организацијата на настанот. Дел и од тие од лица сè уште се на болничко лекување, поради здобиени изгореници во пожарот.

Најмалку 51 лице го загубило животот и повеќе од 100 лица се повредени во пожарот во дискотека што се случи рано утринава во Кочани. Бројката на загинати ја потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според првичните сознанија, што ги сподели министерот, пожарот настанал поради употреба на пиротехнички материјали, односно огномет за време на концерт на музичка група во дискотеката. Од искрењето се запалила таванската конструкција на објектот по што пожарот бргу се проширил и предизвикал густ чад..

„На 16.3.2025 околу 2:35 од страна на полициски службеник од ОВР Кочани кој во моментот постапувал по план за контрола на угостителски објекти во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Полициска станица Кочани е добиено информација дека во дискотеката избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК“, изјави Тошковски.

Во изјава за медиумите, министерот рече дека имало приведувања на лица кои се поврзани со сопствеништвото на објектот каде што се случи пожарот, а приведени се и лица поврзани со организацијата на настанот. Дел и од тие од лица сè уште се на болничко лекување, поради здобиени изгореници во пожарот.

Повредени, но и телата на загинати лица се пренесени низ повеќе болници во државата, односно во Кочани, Штип, како и во Скопје.

Помош први почнале да пружаат припадниците на Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, како и цивили кои биле во близина на настанот.

Додаде дека МВР со целиот капацитет ги презема сите неопходни мерки за расветлување на околностите и утврдување на одговорност за оваа трагедија.

– Остануваме на терен за пружање на помош и поддршка на сите засегнати. Во оваа прилика сакам да изразам најискрено сочувство за најблиските на загинатите во оваа трагедија, нашите мисли и молитви се со нивните семејства, рече Тошковски.

Објектот во кој се случи трагедијата бил од постара градба, а веќе неколку години работел како дискотека.

XS
SM
MD
LG