Линкови за пристапност

Највисокиот суд на ОН ќе го испитува случајот за геноцид на Украина против Русија


Украина вели дека нема ризик од геноцид на нејзините источни територии каде што се бори со силите поддржани од Русија од 2014 година
Украина вели дека нема ризик од геноцид на нејзините источни територии каде што се бори со силите поддржани од Русија од 2014 година

Највисокиот суд на Обединетите нации денес соопшти дека в петок ќе одлучи дали има основа за обвинувањата на Киев дека Русија го прекршила меѓународното право, со тоа што изјави дека го нападнала својот сосед за да го спречи наводниот украински оркестриран геноцид врз Украинците, кои зборуваат руски во источна Украина.

Украина вели дека нема ризик од геноцид на нејзините источни територии каде што се бори со силите поддржани од Русија од 2014 година.

Киев го поднесе случајот пред Меѓународниот суд на правдата неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари 2022 година.

Меѓународниот суд на правдата соопшти дека в среда ќе испита уште еден случај покренат од Украина, во кој се обвинува Москва за кршење на антитерористичките и антидискриминациските договори на ОН, во врска со соборувањето на летот МХ17 во јули 2014 година.

Русите негираат вмешаност во инцидентот.

XS
SM
MD
LG