Линкови за пристапност

Најмалку 41 загинати во индиската држава Химачал Прадеш


Обилните врнежи ги срамнија зградите со земја
Обилните врнежи ги срамнија зградите со земја

Официјални лица во Индија во понеделникот соопштија дека обилните дождови на Хималаите убиле најмалку 41 лице во последните два дена.

Поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето што ги срамни зградите во државата Химачал Прадеш, вклучително и храм преполн со верници.

Наставата во училиштата е прекината на многу локации. Некои жители се евакуирани во засолништа.

„Повторно трагедија го снајде Химачал Прадеш, со континуирани врнежи во изминатите 48 часа“, објави Сухвиндер Синг, главен министер на државата, на платформата за пораки X, порано позната како Твитер.

Некои информации во овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG