Линкови за пристапност

Извештај: Северна Кореја комплетирала големо надградување на лансирната станица


Истражувачка организација со седиште во Вашингтон вели дека е направено големо унапредување на локацијата за лансирање ракети.

Извештај: Американско-корејскиот институт од Вашингтон, вели дека Северна Кореја завршила големо надградување на местото за лансирање ракети.

Институтот вели дека обновата на сателитската лансерска станица Сохае е со цел да овозможи лансирање на поголеми ракети.

Наодите биле базирани на комерцијални сателитски фотографии и објавени на популраната веб-страница на Институтот, 38 Север.

Извештајот вели дека нема доказ за лансирање ракета во брзо време, но предупредува дека такво нешто може да се случи до крајот на годината.

Пјонгјанг доби меѓународна осуда во 2012, по испраќањето на сателит во вселената, користејќи лансерско возило, Унха -3.

Институтот вели дека Северот најверојатно развива многу поголема ракета, но дека се потребни уште неколку години пред да биде целосно завршена.

До тогаш, институтот вели дека Северна Кореја би можела да лансира друга ракета Унха од станицата Сохае.

Северна Кореја редовно се заканува со нуклерана војна против Јужна Кореја, Јапонија и САД, но уверува дека нејзината нуклеарна програма е за мирољубиви цели.

На излораната, комунистичка влада Обединетите нации со санкции забранија да лансира балистички проектили и да прави нуклеарни тестови.

XS
SM
MD
LG