Линкови за пристапност

Брунеј повика состанок на АСЕАН за ситуацијата во Мјанмар


Владиното насилство во протестите во Мјанмар досега остави најмалку 557 мртви, и преку 2.750 повредени

Брунеј ги повика регионалните лидери на состанок, со цел да разговараат за ситуацијата во Мјанмар, каде владата користи насилство да се справи со протестите против воениот удар на први февруари.

Во заедничка изјава со Малезија, Брунеј рече дека двете држави побарале од нивните министри и високи официјални лица да ги преземат „потребните подготовки за да се одржи состанокот на АСЕАН во Џакарта, Индонезија“.

Индонезија ги предводи напорите на членките на АСЕАН, во која членува и Мјанмар, да охрабри постигнување решение, и покрај долгогодишните практики да не се коментираат домашните проблеми на која било од членките.

Владиното насилство во протестите во Мјанмар досега остави најмалку 557 мртви, и преку 2.750 повредени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG