Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) повторно повика да се ослободат сите притворени во Мјанмар, вклучувајќи ја и избраната лидерка Ан Сан Су Чи, и да се стави крај на насилството.
Во изјава доцна вчера, Советот изрази длабока загриженост за брзото влошување на ситуацијата во Мјанмар, и силно ја осуди смртоносната употреба на сила на безбедносните служби и полицијата против мирни продемократски демонстранти, како и смртта на стотици цивили, вклучувајќи жени и деца.
Советот, исто така, ја повика војската да практикува максимална контрола, како и сите страни да се воздржат од насилство.
Советот рече и дека треба целосно да се почитуваат човековите права и да се инсистира на дијалог и помирување во интерес на граѓаните на Мјанмар.
Facebook Forum