Измените на протоколите беа клуч во справувањето на хибридните закани и лажните дојави за поставени бомби бидејќи оттгоаш на мејловите на училиштата, градинките и државните институции нема пристигнато ниту една нова закана. Над 950 дојави во 720 објекти беа испратени во последните половина година, соопшти министерот Оливер Спасовски. Идентификуваната група македонски државјани стои зад стотици закани за поставени бомби кои биле испратени на почетокот на годинава преку ВПН сервери од Иран и Русија
СКОПЈЕ – Хибридните закани не се само лажните дојави за поставени бомби туку и дезинформациите и радикалните содржини кои се шират на социјалните мрежи а државата беше втурната во хибридна војна бидејќи државните институции беа таргет на хакерски напади кои можеа да предизвикаат сериозна штета во размени на класичен воен напад. Ова се дел од заклучоците на денешнито состанок на Работната група – 4 во рамките на националната конвенција за Европска Унија на Северна Македонија.
Со членството во НАТО, властите имаат обврска да го подигнат новото на сајбер безбедноста на институциите и тоа е еден од приоритетите.
Министерот Оливер Спасовски откри дека во периодот од октомври минатата година до март се регистрирани над 950 закани за поставени бомби во училишта, државни институции, јавни објекти и станбени комплекси а таргет биле над 720 објекти. Заканите се испратени од 60 различни мејл адреси, од кои речиси сите се од странство а најголем проблем во откирвањето се ВПН мрежите и поради тоа се чека на информациите од странските безбедносни служби и експерти.
Сепак новите протоколи кои ги изготви владиното тело решија барем дел од проблемите бидејќи оттогаш запреа заканите за поставени бомби и повеќе од еден месец не е регистран ниту еден мејл со таква содржина испратен до образовни или државни институции.
МВР веќе има осоменичено неколку македонски државјани кои работеле како организирана група и преку закуп на ВПН адреси во Иран и Русија испратиле стотици дојави за поставени бомби во јануари годинава.
„Ниту едно откривање на кривично дело не може да биде детерменирано со временска рамка. Кога ќе заврши вештачењето и ќе се обезбедат доказите ќе биде поднесена кривична пријава. Многу е важно да имате квалитетно завршена истрага и тоа што ќе го поднесете да биде поддржано со докази. Од вештачењата ќе знаеме точно за кои напади станува збор, во кој временски период и кон кои институции се упатени. Секако дека еден добар дел од овие напади, претежно во јануари месец оваа година кога беа интензивирани, ќе бидат затворени и расветелени“, изјави министерот Спасовски.
За нападот врз Фондот за здравство,кој речиси го парализираше функционирањето на здравствениот систем, нема нови детали освен дека се работи на вештачење на доказите кои досега се прибрани.
МВР досега расветли некои случаи на лажни дојави за поставени бомби во Скопје, Тетово, Кавадарци и Делчево и поднесе пет кривични пријави, главо против малолетници. Спасовски е дециден дека без разлика дали станува збор за закани за поставени бомби или пак напади на државни институции станува збор за тероризам но ги прифаќа одлуките на Обвинителството кои поднесените кривични пријави ги квалификуваше во поблаго дело.
Според шефот на скопското обвинителство, не станува збор за минимизирање на заканите или релативизирање на потенцијалната безбедносна закана.
„Неколкуте пријави кои првично беа поднесени за тероризам, по анализа на прибраните докази беа преквалификувани во лажно пријавување на кривично дело. Едноставно, доказите не упатуваа дека сторителите биле дел од терористичка група која имала за цел дестабилзиција на институциите или создавање на чувство на страв и несигурност кај граѓаните. Во суштина идентификуваните сторители го искористиле моментот на хибридните закани но не биле дел од тој организиран напад со кој се соочивме како држава. Сепак кривично правна одговорност постои. Доколку во претстојниот период се обезбедат докази и се идентификуваат лица кои биле дел од мрежа која делувала со намера да предизвика терористичко безбедносна закана тие ќе соодветно санкционирани за овој тежок облик на кривични дела“, изјави Гаврил Бубевски, шеф на скопското обвинителство.
Со агресијата на Русија врз Украина нагло се зголеми бројот на регистрирани хибридни закани и напади како во Македонија така и во сите држави од регионот и имаа значително влијание врз политичките и безбедносните процеси во Западен Балкан заклучија ушесниците на денешниот состанок.