Муслиманите во цел свет го слават исламскиот празник Курбан Бајрам во сенка на пандемијата на коронавирус, пренесува Асошиетед прес.
Празникот обично се одбележува со групни молитви, големи социјални групирања и со споделување храна на оние на кои им е најпотребна.
Годинешниов празник се случува во време кога многу држави се соочуваат со ширење на делта варијантата на ковид-19, првпат идентификувана во Индија, поради што многу држави беа принудени да воведат нови рестриктивни мерки, како и препораки луѓето да не се собираат и да ги следат протоколите за заштита.
Ова е втора година како пандемијата се одразува врз прославата на исламскиот празник, која драматично е намалена како последица на вирусот.
Во минатото за овој празник околу 2,5 милиони муслимани од цел свет заминуваа во Мека, Саудиска Арабија. Овојпат бројката е лимитирана на 60.000 вакцинирани граѓани на Саудиска Арабија.
Facebook Forum