Линкови за пристапност

Сенаторот Крис Марфи за руското влијание на Балканот


Демократскиот сенатор од Конектикат имаше обраќање на Трансатлантскиот економски форум организиран од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон

На прашањето на Гласот на Америка каква порака испраќа администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кога самиот претседател вели дека верува во тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија не се мeшала во изборите во САД, демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи со став:

„Не знам во што верува претседателот Трамп. Еден ден изгледа дека верува дека Русите се мешале во нашите избори, друг ден не верува.“, изјави Марфи.

Тој додаде дека тоа испраќа загрижувачка порака до Балканот, посебно до оние кои сакаат да се ослободат од руското влијание:

„Русите не сакаат балканските држави да се приклучат на ЕУ, тие не сакаат овие земји да бидат економски зајакнати. Тие секаат овие држави да бидат слаби и да бидат под контрола на Москва. Граѓаните на овие држави сакаат самите да направат избор за својата економската иднина. Трамп не е јасен дали ние ќе застанеме зад овие земји кои сакаат да влезат во ЕУ, или ќе и овозможиме на Русија да игра игри“ рече Марфи.

XS
SM
MD
LG