Линкови за пристапност

Затвор за лекарот на Мајкл Џексон


Затвор за лекарот на Мајкл Џексон
Затвор за лекарот на Мајкл Џексон

Судија во Лос Анџелес го осуди личниот лекар на Мајкл Џексон на четири години затвор за смртта на поп-ѕвездата во 2009-та.

Судијата Мајкл Пастор на Високиот суд на Лос Анџелес во вторникот ја изрече пресудата на доктор Конрад Мури, кој беше осуден порано месецов за убиство од небрежност во случајот на смртта на Џексон. Мури може да служи само половина од неговата казна заради преполнетост на калифорнискиот затворски систем.

При изрекувањето на пресудата судијата го опиша Мури како невнимателен лекар чии акции биле „срам за лекарската професија“. Пастор исто така кажа дека Мури бил инволвиран во софистицирана измама за доаѓање до моќни анестетици, како пропофол, за Џексон. Пастор кажа дека Мури лажел континуирано и не покажал каење за своите акции во третманот на Џексон, кој се борел со несоница.

Џексон починал во неговата спална соба во изнајмена куќа во јуни 2009-та. Пред неговата смрт тој планираше серија концерти за враќање на поп сцената.

XS
SM
MD
LG