Линкови за пристапност

Адмиралот Мајк Мулен: САД и натаму да останат ангажирани во Сирија


„Единствениот вистински пат да се примора Асад да запре со активностите, е преку Москва“, изјави поранешниот началник на Здружениот генералштаб во интервјуто за Гласот на Америка

Поранешниот началник на Здружениот генералштаб и пензиониран адмирал, вели дека САД треба да останат ангажирани во Сирија, но оти единствениот вистински пат да се примора Асад да запре со активностите, е „преку Москва“.

Во ексклузивното интервју за соработничката на Гласот на Америка, Грета Ван Сустерн, Мулен истакна дека неколку илјади американски трупи во регионот се „стабилизирачка сила“ што „треба да остане таму, се` додека е мошне очигледно дека не треба повеќе да бидат таму или нема потреба да бидат таму“.

Мулен подвлече дека „мошне затегнатите и комплицирани односи со Русија“, ситуацијата ја прават „мошне комплицирана и опасна“.

„Сметам дека според досега донесените одлуки, очигледно е дека имаме огромно влијание врз ИСИС и дека треба да се осигураме оти нема да се вратат“, истакна поранешниот началник на Американскиот генералштаб.

„Охрабрен сум за пристапот на администрацијата спрема сојузниците, знам дека разговараме со Французите, со Британците, околу одговорот за нападот со хемиско оружје, но исто така индикација е што нападот пред една година заради употребата на хемиско оружје, не го одврати Асад. Оттука, прашањето е како да го притиснеме Асад, до точка каде ќе запре. Мислам дека притоа единствениот реален пат е преку Москва и Путин“.

„Ситуацијата е деликатна и опасна, и стравувам дека може да се прошири мошне брзо. Токму тука, лидерите треба да истапат и да осигураат дека тоа нема да се случи“, истакна адмиралот во пензија, Мајк Мулен, во ексклузивното интервју за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG