Линкови за пристапност

Шефот на американската армија вели дека помошта за Египет треба да продолжи


Шефот на американската армија вели дека помошта за Египет треба да продолжи
Шефот на американската армија вели дека помошта за Египет треба да продолжи

Главниот американски офицер предупреди против секаков потег за намалување на американската помош за египетската армија среде сегашните протести, велејќи дека помошта има улога во придонесувањето за неутралноста на армијата и засега ненасилничката улога во кризата.

Во појавување на емисијата „Добро утро Америка“ на ЕјБиСи телевизијата, адмиралот Мајк Мулен ги отфрли заканите од некои членови на Конгресот за прекин на годишната помош за Египет, што изнесува 1,3 милијарди, доколку наскоро не се случи владина транзиција.

„Има голема неизвесност таму, и јас би предупредил против правење било што додека вистински не сфатиме што се случува“, вели Мулен.

Адмиралот Мулен вели дека помошта, вклучувајќи ја и значителната армиска компонента, е од корист за САД, исто како и за Египет. Тој кажа дека долгата и блиска врска меѓу американската и египетската армија се покажала добро во сегашната криза, по години на американски тренинг на египетските офицери.

Адмиралот Мулен зборува за главно неутралната улога на трупите на улиците и неупотреба на оружјето против демонстрантите. Освен тоа, високи американски и египетски офицери имаат долгогодишни блиски односи, креирајќи вредни задкулисни канали на комуникација. Самиот адмирал два пати минатата недела зборувал со својот египетски колега, генерал-полковникот Сами Анан.

„Тој притоа ме убеди“, кажа Мулен, „ дека нема да пука на својот народ, дека многу се фокусирани на народот. Тие јасно е дека би сакале мирна транзиција. Денеска се излезени повеќе армиски сили. Може да ги видите на сликите. Тие многу се трудат да останат неутрални, и сакаат така да остане“.

Адмиралот рече дека американските сили на Блискиот исток се на „повисок степен на претпазливост“ додека ја следат кризата, но дека степенот на готовност не е кренат.

XS
SM
MD
LG