Линкови за пристапност

Телото на Мохамед Али пренесено во родниот град Луисвил, Кентаки


Легендарниот спортист ќе биде погребан во петок, а на настанот свое обраќање ќе има поранешниот американски претседател, Бил Клинтон

Телото на легендарниот американски шампион во бокс, Мохамед Али, денеска беше пренесено во неговиот роден град Луисвил, сојузната држава Кентаки.

Али почина во петокот на 74-годишна возраст, од компликации од Паркинсоновата болест.

Во меѓувреме, луѓе од различна вероисповед се собраа во Исламскиот центар во Луисвил да му оддадат почит на човекот којшто себеси се претставуваше како „Најдобар“.

Легендарниот спортист ќе биде погребан во петок, а на настанот свое обраќање ќе има поранешниот американски претседател, Бил Клинтон.

XS
SM
MD
LG