Линкови за пристапност

СЗО: Мугабе нема да биде амбасадор на добра волја


Светската здравствена организација го укина именувањето на долгогодишниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе како амбасадор на добра волја.

Тедрос Адханон Гебрејесус, кој стана директор на СЗО во јули, два дена претходно за време на конференција во Уругвај објави дека го назначува Мугабе на функцијата, велејќи дека Зимбабве може да има „влијание на другите држави во регионот“ и ја пофали заложбата на земјата за обезбедување на здравствена заштита за сите.

Но над дваесетина организации брзо објавија соопштение велејќи дека одлуката е „шокантна и загрижувачка“, наведувајќи дека Мугабе е одговорен за кршење на човековите права, тврдејќи дека здравствениот систем на државата се распаднал под негово речиси 30 годишно владеење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG