Роберт Мугабе кој 37 години владееше со Зимбабве почина на 95 годишна возраст.
Мугабе ќе остане познат по долгото автократско владеење.
На почетокот, тој ги повика жителите на Зимбабве на помирување по граѓанската војна што беснееше во текот на последните колонијални години.
Кога бил млад тој го водел герилското движењето кое доведе до независност на Зимбабве. Во тоа време го славеле како херој на ослободувањето, во и надвор од поранешната британска колонија позната како Родезија.
На почетокот, тој ги повика жителите на Зимбабве на помирување по граѓанската војна што беснееше во текот на последните колонијални години. Тој, исто така, првично ги прошири системите за образование и здравство во земјата, кои се вброија во најдобрите во Африка.
Со текот на времето, Мугабе стана нетолерантен кон оние кои не се согласуваа со него и се соочи со се поголеми обвинувања за злоупотреба на човековите права, репресија и местење на избори.
Со текот на времето, Мугабе стана нетолерантен кон оние кои не се согласуваа со него и се соочи со се поголеми обвинувања за злоупотреба на човековите права, репресија и местење на избори.
Земјоделското производството опадна откако со земјишните реформи комерцијалните фарми во сопственост на белци беа префрлени на црнци на кои им недостасуваше искуство и финансирање за фармите да бидат продуктивни. Западните земји воведоа санкции за Мугабе и неговите сојузници по запленувањето на фармите.
Во 2008 година, инфлацијата во Зимбабве се искачи на неверојатни 231 процент, наследство што останува до ден-денес.
Како што стареел во 90-тите години, Мугабе станал изнемоштен, а неговата сопруга, непопуларна со јавноста, се позиционирала за да ја преземе власта.
Војската го спречи тој потег преземајќи ја контролата врз државните институции и принудувајќи го Мугабе да си поднесе оставка во ноември 2017 година. Тој беше заменет од неговиот долгогодишен заменик, Емерсон Мангагва.
Мангагва одби да го гони Мугабе, велејќи: „Тој е татко на Зимбабве, тој е основач на слободен Зимбабве“.
Африканскиот национален конгрес соопшти дека жали за смртта на Мугабе, кој, како што се вели, „почина откако животот го посвети на службата на својата земја и неговиот народ“.
Facebook Forum