Линкови за пристапност

Што ќе содржи извештајот на Мулер?


Неофицијално тој се очекува да биде објавен на почетокот на наредната недела

Извештајот на специјалниот советник Робер Мулер за истрагата за поврзаноста на кампањата на Трамп со Русија неофицијално се очекува да излезе на почетокот на следната недела.

Прашањето е што ќе биде заклучокот - дали Трамп ќе биде кривично одговорен или пак ќе биде ослободен во истрагата, која тој самиот ја нарече „лов на вештерки“.

Постои дебата во медиумите и дали извештајот ќе биде објавен јавно, или пак нема да бидат објавени деталите, кои можат да фрлат сенка врз претседателствувањето на Трамп.

Според неколку непотврдени извештаи, Мулер би можел да го испрати извештајот до главниот правобранител Вилијам Бар во текот на наредните денови, со тоа доведувајќи ја до крај двегодишната истрага за наводна соработка меѓу членови на кампањата на Трамп со руски владини агенти, со цел да и` наштетат на кампањата на демократката Хилари Клинтон.

Објавувањето на извештајот, пак, нема да значи крај на легалните проблеми на Трамп, дури и ако претседателот не е конкретно обвинет.

Изминативе месеци обвинители во Њујорк водат посебна истрага за финасиите на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG