Линкови за пристапност

Мулер: Извештајот не го ослободува Трамп од вина за опструкција на правда


Специјалниот советник денес сведочеше пред Конгресот за истрагата за руското мешање во изборите во 2016-та

Поранешниот специјален советник Роберт Мулер рече дека неговиот извештај за руското мешање во изборите во САД 2016-та година не го ослободува од вина претседателот Доналд Трамп за наводна опструкција на правдата, иако тој тврди дека е ослободен од ваква вина.

Во текот на денешното сведочење пред Конгресот, на прашање на претседавачот со Комисјата за правосудство на Претставничкиот дом Џеролд Надлер, дали целсоно го ослободил од вина претседателот, Мулер одговори:

„Не. Претседателот не беше ослободен за постапки кои наводно ги направил“.

Сепак, Мулер објасни дека неговиот тим не ја зел предвид опцијата за кривично гонење на Трамп, бидејќи регулативата на Одделот за правда забранува претседател кој се` уште е на функција да биде обвинет.

На прашањето дали тој би можел да биде гонет за опструкција на правда ако ја направил по завршување на функцијата, Мулер одговори потврдно.

Мулер, исто така, кажа дека тој и неговиот тим цела година не успеале да постигнат договор со Трамп за негово лично сведочење, нагласувајќи дека претседателот писмено одговорил само неколку прашања, кои не се однесувале на опструкција на правда.

Кусо откако Мулер рече дека неговата истрага не била попречена од Белата куќа, Трамп напиша на Твитер:

„Со други зборови, нема опструкција“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG