Линкови за пристапност

Се проширува истрагата за Русија


Канцеларијата на специјалниот обвинител поднесе обвинение против адвокат со седиште во Лондон

Американскиот специјален советник Роберт Мулер кој го истражува мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та година, обвини лондонски адвокат за лажење за неговите контакти со Рик Гејтс, поранешен соработник во кампањата на претседателот Доналд Трамп. Гејтс веќе се товари за перење пари во случај поврзан со лобирање во Украина.

Канцеларијата на Мулер ги обелодени обвиненијата против адвокатот Алекс Ван Дер Цван во вторникот. Се очекува тој да се изјасни за виновен во суд во Вашингтон.

Од канцеларијата на специјалниот советник тврдат дека адвокатот, додека работел за адвокатска фирма, ангажирана од Министерството за правда на Украина во 2012-та година за подготвување извештај за судењето на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, кажал дека неговиот последен контакт со Гејтс бил во средината на август 2016-та година. Тимошенко беше осудена за проневера и злоупотреба на моќта, но подоцна беше ослободена од обвиненијата.

Обвинителите тврдат дека Ван Дер Цван лажел кога рекол дека не знае зошто електронската комуникација меѓу него и неименувано лице во септември, 2016-та, не била предадена на канцеларијата на Мулер, зашто тој всушност ја избришал. Во кривичната пријава против адвокатот се тврди и дека тој лажел и за неговата последна комуникација со Гејтс и неименуваната личност.

Гејтс и поранешниот претседател на кампањата на претседателот Доналд Трамп, Пол Манафорт, беа обвинети во октомври мината година поради нивната консултантска работа во Украина за владата на поранешниот претседател Виктор Јанукович, поддржана од Русија, која беше соборена во 2014-та година, а тој пребега во Русија.

Мулер минатата недела обвини 13 руски државјани и три руски ентитети за спроведување на илегална кампања за „информативна војна“ за нарушување на американските избори во 2016-та година, со цел да му се помогне на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG