Извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер, за истрагата во врска со наводите за руско мешање во американските избори во 2016 година, е објавен за јавноста кратко време откако главниот правобранител на САД Вилјам Бар соопшти дека извештајот го ослободува претседателот Доналд Трамп од вина за соработка со Москва, како и дека подоцна по преземањето на власта Трамп „немал намера“ да ја попречи истрагата.
Бар, давајќи проценка за извештајот на Мулер на речиси 400 страници, изјави дека Трамп, кога ја презел функцијата во јануари 2017 година “се соочил со ситуација без преседан“ и бил „фрустриран и налутен“ на почетокот „искрено верувајќи дека истрагата го поткопува неговото претседателство, поттикнувано од неговите политички противници и од нелегални протекувања“.
Сепак, Бар, рече дека претседателот „не презел никакво дејство што би го лишило“ Мулер од „документи и сведоци неопходни за завршување на неговата истрага“.
Главниот правобранител изјави дека адвокатите на Трамп деновиве добиле примерок од извештајот на Мулер, но не им било дозволено да направат било какви промени. Тој рече и дека адвокатите на претседателот не се обиделе да ја применат извршната привилегија во врска со разговорите во Белата куќа за да избришат било каков материјал од извештајот.
Бар изјави дека Мулер „не нашол докази дека макар и еден Американец - вклучувајќи и некој поврзан со кампањата на Трамп – бил во заговор или се координирал со руската влада“, или учествувал во кампања за дезинформации преку социјалните медиуми во САД со цел да му помогне на Трамп да ја порази својата противничка, демократката Хилари Клинтон.
Бар детално го опиша руското мешање на изборите во САД пред три години.
Но, Бар изјави дека Мулер „не нашол докази дека макар и еден Американец - вклучувајќи и некој поврзан со кампањата на Трамп – бил во заговор или се координирал со руската влада“, или учествувал во кампања за дезинформации преку социјалните медиуми во САД со цел да му помогне на Трамп да ја порази својата противничка, демократката Хилари Клинтон, или пак дека учествувал во хакирање на компјутери во Демократскиот национален комитет со цел да се украдат, а потоа објават пораки штетни за Клинтон.
Еден час пред Бар да се обрати на прес конференција, Трамп во порака на Твитер напиша дека 22 месечната истрага е „најголемата политичка измама на сите времиња!“ и „претседателско вознемирување“.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1118848431932493824
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1118845290721812480
Facebook Forum