Денеска ќе биде објавена редактираната верзија на извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата во врска со наводите за руско мешање во американските избори во 2016 година и попречување на правдата.
Со ова една од доминантните стории за време на претседателството на Доналд Трамп влегува во нова фаза.
Главниот правобранител на САД Вилјам Бар ќе ги објави коментарите за извештајот на Мулер, по што копии треба да бидат испратени во Конгресот, а потоа да бидат објавени на интернет.
Луѓе запознати со извештајот на речиси 400 страници на специјалниот советник Роберт Мулер, кои зборувале за Вашингтон Пост и Њујорк Тајмс велат дека документот што ќе биде објавен денеска е благо редактиран и навлегува во многу детали за наводите за руско мешање во американските избори
Конгресот и американскиот народ за првпат ќе имаат увид во деталите за тоа што истражувал Мулер додека тој и неговиот тим на федерални истражители работеле за да утврдат дали кампањата на Трамп или соработници на неа соработувале со Русија во нејзините напори да се меша во изборите во 2016 година на кои победи Трамп.
Американските разузнавачки агенции на почетокот на 2017 година оценија дека Русија, по директива на претседателот Владимир Путин, спровеле кампања за поткопување на гласањето со јасна наклонетост за победа на Трамп.
Луѓе запознати со извештајот на речиси 400 страници на специјалниот советник Роберт Мулер, кои зборувале за Вашингтон Пост и Њујорк Тајмс велат дека документот што ќе биде објавен денеска е благо редактиран и навлегува во многу детали за наводите за руско мешање во американските избори.
Главниот правобранител на САД Вилјам Бар пред три недели објави резиме на четири страници за наодите на Мулер, истакнувајќи дека обвинителот заклучил дека Трамп и неговата кампања не се поврзани со Русија во насока на помагање за да ги добие изборите, ниту пак дошол до заклучок дека Трамп ја попречувал правдата.
Претседателот на Комисијата за правосудство во Претставничкиот дом, Џеролд Надлер, вчера изјави дека ако претпостави дека извештајот е многу изменет, неговата комисија „најверојатно“ по судски пат ќе побара „во многу краток рок“ да го добие на увид целосниот извештај.
Бар, на неговата прес-конференција ќе биде придружуван од заменик-јавниот правобранител Род Розенстајн, кој во поголемиот дел од истрагата на Мулер ја надгледуваше истрагата на Министерството за правда. Никој од тимот на Мулер нема да учествува на брифингот.
Пред објавувањето на извештајот, Трамп во порака на Твитер напиша: „Најголемата политичка измама на сите времиња“ и „Вознемирување на претседателот“.
Трамп во средата рече дека размислува да одржи своја прес-конференција во четврток.
Трамп претходно повтори дека тој е веќе ослободен од вина во врска со изборите, иако и тој како и американската јавност ги очекува деталите од 22 месечната истрага на Мулер.
Facebook Forum