Линкови за пристапност

По извештајот на Мулер, Конгресот ќе истражува дали имало опструкција на правда


Трамп повтори дека немало, нема и никогаш нема да има заговор и опструкција

Извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер откри дека нема докази за соработка на кампањата на претседателот Доналд Трамп и Русија, но, не заклучи дали претседателот ја попречил правдата или не.

Демократите најавија дека ќе ги искористат новите откритија од ревидираниот извештај за натамошна истрага во Конгресот.

По вчерашното објавување на извештајот на Мулер, претседателот Трамп повтори дека немало, нема и никогаш нема да има соработка и опструкција.

Сепак, извештајот покажува различна слика за прашањето за попречување на правдата, укажувајќи на бројни примери кога претседателот се обидел да влијае врз истрагата.

Извештајот забележува бројни контакти меѓу соработници на кампањата на Трамп со Руси во 2016 година, но, заклучокот беше дека нема доволно докази за заговор меѓу претседателската кампања и Русија.

Сепак, извештајот не заклучува дека Трамп направил криминал, но, исто така, и дека не го ослободува од вина.

Главниот правобранител Вилијам Бар одлучи дека нема докази за опструкција и не побара натамошна легална постапка.

„Независно дали некои активности биле опструирачки, преовладуваат доказите за некорумптивни мотиви, односно претседателот немал намера да ја попречи истрагата“, заклучи Бар.

Претседавачот со Комисијата за судство во Претставничкиот дом Џеролд Надлер рече дека специјалниот советник не го ослободил Трамп од вина, и оти сега Конгресот ќе треба да го повика претседателот на одговорност.

Бар е повикан да сведочи во Конгресот наредниот месец, а се очекува наскоро да биде повикан и специјалниот советник Мулер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG