Линкови за пристапност

Истражители од тимот на Мулер велат дека извештајот содржи штетни докази за Трамп


„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ пишуваат дека Бар потфрлил соодветно да ги претстави заклучоците од истрагата

Истражители, кои работеа на речиси двегодишната истрага за изборната кампања на претседателот на САД Доналд Трамп, велат дека заклучоците во извештајот испратен од специјалниот советник Роберт Мулер се поштетни за претседателот отколку што било претставено од главниот правобранител Вилијам Бар, пишуваат „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.

Во скратената верзија на извештајот, која Бар ја објави на 24 март, вели дека тимот на Мулер не нашол докази дека Трамп или кој било друг од неговата кампања соработувале со Русија.

Тој, исто така, рече дека Мулер не заклучил дека претседателот незаконски се мешал во истрагата, но, додаде дека сепак не е ослободен од вина.

Бар тогаш изјави дека заедно со неговиот заменик Род Розенстајн одлучиле оти нема доволно докази да го обвинат Трамп за опструкција на правдата.

Но, како што известуваат „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ Бар потфрлил соодветно да ги претстави заклучоците од истрагата.

„Вашингтон пост“ известува дека членови од тимот на Мулер веруваат оти доказите за опструкција се алармантни и значителни.

Бар се заложи дека ќе го објави извештајот во средина на април, откако тој и неговиот тим ќе ги извдат сензитивните информации, иако Комисијата за судство на Претставничкиот дом гласаше за издавање наредба за објавување на целосниот извештај на Мулер, како и дополнителните докази.

Трамп, пак, останува на ставот дека извештајот е целосно ослободен од вина за какви било злоупотреби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG