Линкови за пристапност

Бар ќе биде повикан да сведочи пред Конгресот, републиканците го пофалија Мулер за извештајот


Трамп на неговиот Твитер профил напиша „нема соработка, нема попречување на правдата, целосно ослободување од вина“

Главниот правобранител на САД Вилијам Бар изјави дека извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер, за наводното руско мешање во изборите во 2016 година, не содржи докази дека претседателот Доналд Трамп или кој било друг од неговата кампања сорабоувал или се координирал со Русија.

Но, прашањето дали Трамп се обидел да ја попречи правдата преку мешање или преку обид да влијае врз истрагата на Мулер, Бар истакна дека „извештајот не заклучува дека претседателот направил криминал, но, исто така, не го ослободува од вина“.

Бар ја испрати во Конгресот скратената верзија од извештајот, на кој Мулер работеше 22 месеца, по што ја објави во јавност.

Мулер, пак, го испрати извештајот во Одделот за правда во петокот.

„Истрагата на специјалниот советник не откри дека кампањата на Трамп или кој било друг поврзан со неа имал координација со руската Влада во врска со изборните активности“, се вели во писмото на Бар.

Тој нагласува дека ова е заклучено и покрај бројните понуди од руски поединци да се вклучат во кампањата на Трамп.

Мулер обвини 25 Руси за мешање во изборите, како и отвори истраги против шест соработници и советници на Трамп, вклучувајќи го и менаџерот на кампањата Пол Манафот, неговиот советник за национална безбедност Мајкл Флин, како и долгогодишниот адвокат Мајкл Коен.

Според Бар, Мулер не заклучил дали Трамп ја попречил правдата, префрлајќи го тоа прашање кон Бар и заменикот Род Росенстајн.

Бар вели дека нема доволно докази да се заклучи дали Трамп направил криминал со попречување на правдата, нагласувајќи дека ова не е базирано на какво било верување дека претседател на функција не може да биде обвинет.

И покрај наведеното во извештајот, Трамп на неговиот Твитер профил напиша „нема соработка, нема попречување на правдата, целосно ослободување од вина“.

Претседавачот со Комисијата за судство во Претставничкиот дом рече дека ќе бара Бар да сведочи пред Конгресот.

Неколку демократски претседателски кандидати велат дека резимето од извештајот на Мулер поминал преку филтер низ рацете на избраниот главен правибранител, и оти тој е незадоволителен.

Еден од најблиските конгресни соработници на Трамп сенаторот Линдзи Грем, пак, рече дека Мулер завршил одлична работа и оти ова е победа на владеење на правото.

„Сега е време да продолжиме понатаму и да се подготвиме да се справиме со Русија и со други странски фактори пред изборите 2020“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG