Линкови за пристапност

Мулер го обвинува Манафорт за влијание врз сведоци


Специјалниот советник бара судијата да ја повлече или ревидира наредбата за ослободување на Манафорт пред судењето

Обвинителите од тимот на специјалниот советник Роберт Мулер, велат дека поранешниот менаџер на кампањата на претседателот Доналд Трамп Пол Манафорт, направил неколку обиди за влијание врз сведоци, поврзани со кривичните дела за кои се товари.

Во документ испратен до Судот вчера, обвинтелите велат дека Манафорт и еден од неговите контакти, наводно контактирале двајца сведоци, со цел да влијаат врз нивното сведочење.

Овие контакти се случиле во февруари, кусо откако судската порота отвори ново обвинение против Манафорт, кој се наоѓа во куќен притвор.

Двајцата сведоци не се именувани во судскиот документ, но, обвинителите велат дека тие работеле со Манафорт, во организирање на група поранешни европски официјални лица, која промовирала украински интереси во Европа и во САД.

Манафорт, меѓу другото, е обвинет за нерегистрирано лобирање поврзано со оваа група.

Мулер, кој истражува можна вмешаност на кампањата на Трамп со Русија, побарал судијата да го разгледа случајот на Манафорт, за да ја повлече или ревидира наредбата за негово ослободување пред судењето, што може да резултира да му биде изречена затворска казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG