Линкови за пристапност

Големи очекувања од сведочењето на Мулер


И покрај тоа што поранешниот специјален советник Роберт Мулер неколкупати има кажано дека се` што сакал да каже е во извештајот објавен во мај, тоа нема да ги спречи членовите на Конгресот да се обидат да дојдат до дополнителни информации за влијанието на Русија на изборите во 2016-та година.

Одделот за правда на САД веќе му испрати писмо на Мулер, подвлекувајќи дека неговото сведочење „мора да остане во границите“ на јавната верзија на неговиот извештај.

Сепак демократите и републиканците се подготвуваат за испрашувањето закажано за среда наутро со надеж дека ќе добијат повеќе детали за заклучоците од истрагата.

Претседавачот со Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом, демократот Џеролд Надлер за Си-Ен-Ен изјави дека Мулер не мора да се држи до препораките од Одделот за правда.

За милиони Американци кои никогаш не го прочитале 448 страни долгиот извештај, сведочењето на Мулер е шанса од прва рака да слушнат за мешањето на Русија во американските претседателски избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG