Линкови за пристапност

Мулер предлага да не му се одреди затвор на Флин


Специјалниот советник вели дека за ова пресудиле неговата суштинска помош во неколку тековни истраги, неговиот карактер и огромна воена кариера

Специјалниот советник Роберт Мулер предлага да не му се одреди затвор на Мајкл Флин, поранешен национален советник на претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи ја неговата суштинска помош во тековната истрага за руската вмешаност во претседателските избори во САД во 2016-та година.

Флин призна дека е виновен оти го лажел Федералното истражно биро (ФБИ) за неговите контакти со претходниот руски амбасадор во САД Сергеј Кислјак.

Тој, исто така, даде низа лажни коментари за ноговото лобирање за Турција.

Во извештајот кој беше објавен вчера, Мулер вели дека Флин обезбедил информации од прва рака за содржината и контекстот на интеракциите меѓу транзицискиот тим на Трамп и руски владини официјални лица.

Информациите се добиени од 19 интервјуа кои Мулер ги имал со Флин, а биле обезбедени документи и други контакти.

Мулер потенцира дека поради суштинската помош на Флин во неколку тековни истраги, неговиот карактер и голема воена кариера, не предлага мерка затвор за него.

Излегувајќи од суд неделава, Флин се соочи со протестанти, кои бараат тој да биде затворен.

Извештајот на Мулер ќе биде испратен до федерален судија кој го води неговиот случај.

Тој може воопшто да не добие казна затвор или да биде затворен најмногу шест месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG