Претседателот на САД Доналд Трамп го оцени сведочењето на поранешниот специјален советник Роберт Мулер како победа и голем ден за него и за републиканците.
Претседателот рече дека немало одбрана за оваа смешна истрага, која се одвивала долго време.
„Најмногу од се` покажа дека целата оваа работа претставува три години срам и губење време“, рече Трамп.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, пак, рече дека демократите ќе продолжат со нивните истраги за претседателот и неговата администрација.
Трамп и републиканците беа критични кон демократите поради поканата на Мулер да сведочи, додека демократите по вчерашното сослушување најавија дека ќе го задржат фокусот на Белата куќа, вклучувајќи и можност за идни процедури за импичмент, доколку најдат значителни докази, како и јавна поддршка.
Мулер пред Конгресот изјави дека неговата истрага не го ослободува Трамп од вина за опструкција на правдата, преку обид да се меша во истрагата, иако Трамп многу чество вели дека е целсоно ослободен од вина.
Facebook Forum