Линкови за пристапност

Мубарак клинички мртов


Мубарак клинички мртов
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:50 0:00

Мубарак клинички мртов

Поранешниот претседател на Египет што беше соборен со народно востание, според официјалната новинска агенција на Египет, е во кома.

Египетската официјална новинска агенција кажа дека поранешниот претседател Хосни Мубарак, што долго беше сметан за симбол на стабилност на Блискиот исток, бил прогласен за клинички мртов, но безбедносни извори велат дека извештаите биле преуранети.

Египетската агенција МЕНА соопшти дека лекарите го прогласиле 84-годишниот Мубарак клинички мртов доцна во вторникот, но безбедносни извори подоцна кажаа дека тој е на апарати што го одржуваат во живот.

Мубарак раководел со Египет околу 30 години, до соборувањето во 18-дневниот бран на масовни протести во февруари 2011.

Како син на функционер во Министерството за здравство, тој се издигнал низ редовите на египетското воздухопловство до командант и заменик на министер за одбрана.
Мубарак бил именуван за заменик на претседателот Анвар Садат во 1975 и бил крај него кога бил убиен во атентат во октомври 1981 од исламски милитанти.

Автократскиот лидер потоа ја презел претседателската функција и останал на власт позиционирајќи се како верен сојузник на Западот кој го почитува мировниот договор со Израел од 1979 и покрај жестоката опозиција низ поголемиот дел на Блискиот исток.

Дома тој владеел со цврста рака, донесувајќи го озлогласениот египетски закон за вонредни ситуации, што на Мубарак и на неговите безбедносни сили им даде големи овластувања во задушување на дисидентството и ограничувањето на основните слободи.

Мерките како користење на тортура останаа во сила 31 година, додека египетските армиски владетели не ги отповикаа минатиот месец. Активистите за граѓански права го фалеа укинувањето на законот како историски настан што го сместија меѓу најважните придобивки од минатогодишниот народен револт.
XS
SM
MD
LG