Линкови за пристапност

Египет ги приведе Хосни Мубарак и синовите за испрашување


Египет ги приведе Хосни Мубарак и синовите за испрашување
Египет ги приведе Хосни Мубарак и синовите за испрашување

Египетските власти го приведоа поранешниот претседател Хосни Мубарак на 15 дена како дел од истрагата за корупција.

Обвинителите ова го соопштија во среда, кусо време откако Мубарак бил хоспитализиран заради срцеви проблеми додека бил испрашуван од властите во одмаралиштето Шарм-ел-Шеик на Црвеното море. Египетските медиуми известуваат дека неговите синови Алаа и Гамал исто така биле испрашувани и приведени на 15 дена.

Тројцата заедно со неколку врвни официјални лица се обвинети за проневера на јавни средства и злоупотреба на власта заради користење сила против протестантите за време на анти-владините демонстрации порано годинава.

Соборениот претседател има кажано дека наводите против него се неосновани и дека тој има право да ја брани својата репутација и репутацијата на неговото семејство. Неговите забелешки биле пренесувани на Ал Арабија телевизијата во недела. Тоа беа негови први јавни коментари по масовните протести што го натераа да замине од власта во февруари.

XS
SM
MD
LG