Линкови за пристапност

Бандата МС-13 со намалена моќ


Ова главно се должи на координирана акција меѓу САД и земји од Централна Америка во борбата против криминалните организации

Лидерите на централноамериканската улична банда MС-13, се соочуваат со нов проблем: нивните членки во САД, не се доволно насилни.

Бандата, со околу 10.000 членови во САД, е позната по склоноста кон злобно насилство, вклучувајќи и поттик за акции во банда, коишто често вклучуваат убиствa.

Стивен Ричардсон, помошник-директор на Истражниот оддел на ФБИ, изјави дека масовните апсења и притворање на членовите на МС-13, како и лидерите од средното ниво изминатата година, го разочарало раководствотo на бандата.

Тој вели дека ФБИ соработува со Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала преку Транснационалната програма противбандите наречена, „ТАГ“.

Ричардсон ова го изјави за време на сослушувањето во Конгресот, посветено на борбата против транснационалните криминални организации.

Како дел од острите мерки против бандите, администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, ја прошири соработката со агенциите за спроведување на законот во Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала.

Во септември, американски официјални претставници, заедно со официјални лица од трите централноамерикански држави, објавија дека во координирана акција од март, наваму, уапсиле или обвиниле преку 3.800 членови на бандата МС-13 и бандите на „18-та улица“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG