Линкови за пристапност

Кога МРТ ќе стане јавен сервис?


Кога МРТ ќе стане јавен сервис?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

„Ќе предложиме законски решенија со кои МРТ од партиски билтен ќе ја трансформираме во професионален сервис на сите граѓани и во силен идентитетски столб на Република Македонија“. Ова во својата програма го напиша тогаш новата влада која во 2017-та ја презеде власта.

По речиси 2 години изгледа дека до Јавниот сервис се уште не стигнал реформскиот бран, амбициозен барем на хартија. Дека работите во МРТ се уште не се промениле констатираа и „Репортери без граници“ во својот последен извештај за земјава. „Програмите на Јавниот сервис се уште и служат на интересите на некогашната владејачка партија“ – стои во извештајот.

Комуниколог Сефер Тахири за „Гласот на Америка“ кажа дека според него ситуацијата е статус-кво:

„Процесот на реформирање на МРТ, за жал, се уште е статус-кво заради фактот што законот не се применува во однос на избор на новите раководни органи - Советот на МРТВ кој треба да ги избира директорите на куќата. Овој процес ќе причека до после изборите“.

Тахири ова го објаснува со фактот дека допрва треба да се изберат членовите на програмскиот совет – постапка што во моментот е во мирување поради претседателските избори. Но, процесот на реформа на јавниот сервис е многу повеќе од едноставно пополнување позиции:

„Најбитна е политичката волја – власта да покаже дека навистина е подготвена за трансформација на МРТ, а не само шминка. Ќе треба да се најдат кадри кои ќе треба да се вработат од надвор. Со актуелниот кадровски потенцијал на МРТ не можеме да очекуваме никакво придвижување“ вели Тахири.

Ако се оди според предвидената динамика се очекува од септември, повеќе од две години по промената на власта, да се видат првите резултати од најавената реформа на МРТ, при што примарниот елемент ќе биде создавање јавен, а не партиски сервис, како што беше во минатото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG