Линкови за пристапност

89-та годишна конвенција на МПО во Детроит


89-та годишна конвенција на МПО во Детроит
89-та годишна конвенција на МПО во Детроит

На дводневата конвенција на Македонската патриотска организација беше одржан натпревар во правење највкусен зелник, најмладите се натпреваруваа со рецитирање песни од македонски автори, а постарите се потсетија на ората од татковината.

На 89-тата конвенција на најстарата организација на македонската дијаспора во САД и во Канада, главен акцент беше ставен на размената на искуства и идеи за иднината. На неделниот свечен прием во Детроит, сојузната држава Мичиген, пред бројните гости и делегати се обрати играч и активист од НБА-лигата Бил Тошев, кому му се припишуваат заслугите за издејствување на пензии за играчите кои биле дел од американската кошарка уште пред да се формира лигата.

„Горд сум што бев првиот Македонец кој со дресот на Олимпианс од Индијана играв рамо до рамо со многу тогашни таленти и ѕвезди“, рече Тошев и доби гломогласен аплауз од присутните.

Генералниот конзул на Репубика Македонија во Детроит Игор Дукоски порача дека татковината сака да изгради мост за продлабочување на соработката со сите организации на македонските иселеници во САД, и ги поттикна на взаемна поддршка во справувањето со предизвиците пред Македонија во новото време.

На дводневата конвенција на Македонската патриотска организација беше одржан натпревар во правење највкусен зелник, најмладите се натпреваруваа со рецитирање песни од македонски автори, а постарите се потсетија на ората од татковината. Во православната црква Свети Климент во Детроит беше одржана и литургија по повод собирањето на делегатите од сите делови на САД. Традиционално, најголем број на делегати и членови на МПО потекнуваат и доаѓаат од Гери, Индијана и Кливленд, Охајо.

На крајот од конференцијата, беа собрани добротворни средства од успешни и угледни македонски семејства за натамошно промовирање на македонската кауза.

Најголемо внимание на собирот предизвика милијардерот со македонско потекло Мајкл Илич, кој е сопственик на спортските екипи од професионалните американски хокеарски и безбол лиги, Детроит ред вингс и Детроит ред тајгерс, како и на познатиот ланец на пицерии Литл сизарс.

XS
SM
MD
LG