Италијанската планина Етна, најактивниот вулкан во Европа, го осветли небото во текот на ноќта во неделата навечер кон понеделникот пред зори, со рафали на врела лава, од кои некои дури до 100 метри во височина. Етна е на медитеранскиот остров Сицилија.
Научниците од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), објавија дека имало две еруптивни пукнатини на југоисточниот кратер на планината. Геолозите известуваат дека планината е активна со прекини во последните два месеци.
Новинската агенција Ројтерс објави дека пепелта од ерупцијата опфатила делови од блиските мали катански села меѓу Педара и Треместиери Етнео. Во понеделникот наутро, автомобилите, улиците и балконите биле покриени со црн пепел, додека работниците и локалното население работеле на расчистување.
Планината Етна висока 3.330 метри е вториот најактивен вулкан во светот, по Килауеа на Хаваите. Може да има спектакуларна ерупција неколку пати годишно, исфрлајќи лава и пепел високо над Сицилија.