Линкови за пристапност

Иран подготвен да се врати на нуклеарните разговори


Иран подготвен да се врати на нуклеарните разговори
Иран подготвен да се врати на нуклеарните разговори

Мотаки рекол дека разговорите ќе бидат успешни само ако се „фер“ и ако биде признаено иранското право за употреба на нуклеарната технологија за мирољубиви цели.

Иранскиот Министер за надворешни работи Манучер Мотаки вели дека неговата држава е подготвена да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма доколку тие разговори се „фер“.

Мотаки на кинескиот министер за надворешни работи му рекол дека Техеран е подготвен да го обнови дијалогот со виенската група (Русија, Франција, САД и Агенцијата за атомска енергија на ОН) како и со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, групата позната како П5+1. Сепак, Мотаки рече дека разговорите ќе бидат успешни само ако се „фер“ и ако биде признаено иранското право за употреба на нуклеарната технологија за мирољубиви цели.

Иранскиот и кинескиот министер за надворешни работи се сретнале оваа недела на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, но изјавата на Мотаки не била објавена до четврток.

Порано во средата, П5+1 соопшти дека ги обновува напорите за барање „рано договорно решение“ со Иран. Групата кажа дека сака одново да воспостави дијалог со Техеран за предлогот што беше претставен минатата година.

Според тој план, Ирак би заменил слабо-збогатен ураниум за ураниумски прачки што би се користеле како гориво во реакторот за медицинско истражување.

XS
SM
MD
LG