Линкови за пристапност

Могерини во мисија за спас на договорот со Иран


Вишата претставничка на ЕУ ќе го посети Вашингтон во ноември

Европската Унија ќе ја испрати Федерика Могерини во Вашингтон, за да се бори за Иранскиот нуклеарен договор, којшто претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе го укине.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на средба во Луксембург ја потврдија загриженоста на светските лидери за одлуката на Трамп да не го верификува договорот.

Со оваа одлука, Трамп остави Конгресот да реши дали повторно ќе ги воведе економските санкции кои беа во сила пред САД, ЕУ, Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина да постигнат договор со Иран.

„Јасно е дека министрите се загрижени од пораките за Иранскиот нуклеарен договор, и можноста од негативно влијание за отворањето на простор за преговори со Северна Кореја“, рече Могерини по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Ниту една од потписничките на спогодбата, не се согласува со позицијата на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG