Линкови за пристапност

Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица


Папата Францис одобри декрет за нејзино прогласување за чудотворец

Ватикан објави дека Папата Францис, лидерот на Римокатоличка црква, ја прифати определбата чудотворец за почината Мајка Тереза, со што се отвори патот за нејзино прогласување за светец.

Властите на Ватикан во петокот изјавија дека Папата одобри декрет со кој Мајка Тереза се прогласува за чудотворец.

Чудотворноста во декретот е поради необјаснивото излекување на Бразилец од тумор на мозок во 2008-ма година. Човекот вели дека бил излекуван откако неговата жена се молела на Мајка Тереза.

Италијанските медиуми известуваат дека формална церемонија за канонизација се очекува во септември, 2016-та година, со која ќе биде обележана таканаречената „Света година на милоста“ на Папата Францис.

Мајка Тереза стана позната преку нејзината посветеност и служба на сиромашните, организирање сиропиталишта, народни кујни и медицинска помош низ целиот свет.

XS
SM
MD
LG