Алјаска е далеку најопасната држава во САД, покажуваат податоците на бизнис веб сајтот 24/7 Вол Стрит. [https://247wallst.com/special-report/2018/11/13/most-dangerous-states-in-america-3/11/]
Најретко населена од сите држави во САД, Алјаска има највисоки стапки на силувања и тешки напади. Во 2017 година имало 117 силувања и 575 тешки напади на секои 100.000 жители. И двете статистики покажуваат повеќе од двојно поголеми бројки од соодветните национални стапки. Стапката на убиства минатата година во Алјаска беше за 20 проценти поголема од претходната година.
На второ место е Ново Мексико, каде на секои 100.000 жители во 2017 година имало 784 насилни кривични дела како убиства, силувања, грабежи и тешки напади. Мексиканската статистика е над националната стапка од 394 инциденти на 100.000 луѓе.
Со стапка на тешки напади која е речиси двојно поголема од националниот просек, Тенеси се рангира на трето место меѓу најопасните држави во САД. Најголем дел од насилниот криминал е концентриран во урбаните области, каде стапката на криминал е повисока од 1.000 инциденти на 100.000 жители.
Според истата студија, и Луизијана и Невада се меѓу првите пет најопасни држави.
Најмалку опасна држава е Мејн каде имало 121 случај на насилен криминал на 100.000 жители.
Други држави кои што се сметаат за помалку опасни се Вермонт, Њу Хемпшир, Вирџинија и Кентаки.
Facebook Forum