Линкови за пристапност

Против планот за изградба на џамија близу „граунд зеро“ покрената судска постапка


Против планот за изградба на џамија близу „граунд зеро“ покрената судска постапка
Против планот за изградба на џамија близу „граунд зеро“ покрената судска постапка

Многумина Американци сметаат дека изградба на џамија толку блиску до местото познато како „граунд зеро“ е непочитување на оние убиени во нападите од исламистичката екстремистичка група

Одлуката на претставници на градот Њујорк да се дозволи изградба на џамија во близина на местото каде се случија терористичките напади на 11 септември, е соочена со законско преиспитување.

Американскиот центар за право и правда, што е конзервативна граѓанска група, покрена судска постапка во средата. Групата поднесе тужба против одлуката да се урне блиска зграда за да се направи простор за џамија.

Таа градба датира од 1850-те и групата вели дека треба да биде зачувана заради историскиот статус.

Групата исто така вели дека не е во ред да се гради џамија на местото каде стоеја кулите на Светскиот трговски центар пред терористите на ал-Каида да удрат со авиони во нив.

Многумина Американци сметаат дека изградба на џамија толку блиску до местото познато како „граунд зеро“ е непочитување на оние убиени во нападите од исламистичката екстремистичка група. Поддржувачите на проектот – меѓу кои и градоначалникот Мајкл Блумберг – велат дека тоа ќе помогне да се премости јазот меѓу Запад и муслиманскиот свет.

XS
SM
MD
LG