Русија и Украина размениле повеќе од 200 војници во нивната последна размена на затвореници, соопштија официјални лица во понеделникот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 106 нејзини војници биле ослободени од украинскиот притвор, додека Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Русија ослободила 100 украински затвореници.
Ниту едното соопштение не открива детали за тоа како била извршена размената на затвореници. Јермак на Телеграм рече дека некои од украинските војници имале тешки повреди и болести.
Тој рече дека последната размени на затвореници за време на 14-месечната војна „не била лесна“, но не даде детали. Размената на затвореници е една од ретките области на соработка меѓу Украина и Русија.
Украинскиот Координативен штаб за третман на воени затвореници тврди дека речиси половина од 80-те мажи и 20 жени војници кои се вратиле дома „имаат сериозни повреди, болести или биле измачувани“, иако не понуди докази за своите тврдења.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ослободените Руси се пренесени со воени транспортни авиони во Москва на медицински третман и рехабилитација.
Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.