Спротивно на тврдењето на Кремљ дека Северна Македонија е мала земја со мало стратешко значење за НАТО, Москва вложи значителни напори за да ги поткопа перспективите на Скопје да се приклучи кон западната одбранбената алијанса.
Русија не успеа и во Грција и во Македонија,Даниел Сервер, Школа за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс
Сепак, Кремљ не успеа во својата најнова субверзивна мисија на Балканот, решително поразена од Скопје и Атина, чија определба за ставање крај на стариот спор за името ги зајакна западноинтеграциските процеси во регионот.
„Русија не успеа и во Грција и во Македонија,“ рече професорот Даниел Сервер од Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс. Но, тој предупредува дека Москва ќе продолжи да прави проблеми за НАТО и Северна Македонија.
Всушност, руските официјални претставници побрзаа да кажат дека со станувањето на членка на НАТО, Северна Македонија ќе ја загуби способноста да ја води својата надворешна политика како суверена земја.
http://www.mid.ru/en/web/guest/foreign_policy/news/-/asset_publisher/cKNonkJE02Bw/content/id/3503377
Извршниот уредник на The American Interest, Дамир Марушиќ, исто така вели дека очекува руските напади да продолжат. „Секоја штета на имплементацијата на Преспанскиот договор, или на пристапувањето кон НАТО, ѝ дозволува на Русија да ја прикаже Алијансата, и воопшто Западот, како тигар од хартија. Нема причина да бидете помалку внимателни и активни во сузбивањето на руските напори сега само затоа што Преспанскиот договор стапи на сила. Напротив, играта само што започна,“ изјави Марушиќ за Polygraph.info.
Изгледа дека Кремљ има осмислено долгорочна стратегија за ограничување на евроатланската интеграција и за зголемување на влијанието на Русија на Балканот. Разузнавачки извештаи од Скопје кои протекоа во 2017 година содржат детално разработена тактика која се применува во последните десет години од страна на руски официјални лица, офицери за воено разузнавање, идеолози на Кремљ, културни организации спонзорирани од руската влада, влијателни социјални медиуми, па дури и Православната црква за да се шират субверзивни дезинформации во македонското општество.
Степенот на субверзивните операции на Москва во Северна Македонија и Грција сугерира дека регионот е од многу голема важност за руската влада. Спроведувањето на десетгодишна кампања за разузнавање и дезинформации бара големи финансиски и човечки ресурси.
Развеаното знаме на НАТО во центарот на Скопје не значи крај на борбата на Москва да ја одржува релевантноста на Балканот. Всушност, тековниот дијалог меѓу Косово и Србија и потенцијалните ревизии на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина ќе обезбедат плодна почва за нов бран на руска пропаганда и агитација во регионот.
Анализа на „Полиграф“ од Гласот на Америка: https://www.polygraph.info/a/disinfo-analysis-macedonia-nato-russia/29770631.html
Facebook Forum