Линкови за пристапност

Морзеовиот телеграф од 1885 година е доказ за долгата македонска железничка историја


Музеј на железницата, во Скопје, Северна Македонија
Музеј на железницата, во Скопје, Северна Македонија

Приказната за првата македонска железница започнува во 1873 година кога за прв пат свирнал возот влечен од парна локомотива од Солун за Скопје, а во 1874 година оваа линија продолжила кон Косовска Митровица. За време на одбележувањето на јубилејот – 150 години од постоењето на Македонски железници во 2023 година – на Железничката станица во Скопје за прв пат беше отворен Музејот на железницата.

Приказната на македонската железница почнува тука
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:28 0:00

Ванчо Милошевски е автор на музејската изложба и одговорен на музејот.

„Ние имаме збирка од преку 1.000 артефакти, со оригинални фотографии, на пример за изградба на Железничката станица, оваа мостовска конструкција која е долга 1.400 метри е доста интересна. Целата таа постапка, како се градела, ние ги имаме сите тие фотографии што се уште не се објавени. Имаме фотографии за изградбата на скопскиот јазол, што е железничката обиколка околу Скопје, значи после земјотресот што е градена. Предмети имаме доста интересни како на пример најстариот Морзеов телеграф од 1885 година“, вели м-р Ванчо Милошевски, одговорен на Музејот на железницата.

Најстариот документ изложен во овој музеј е План катастар за изградба на железничката линија Солун – Скопје – Митровица од 1888 година. Но, освен предмети, во поставката има и информативни паноа со фотографии за настанокот на железницата во светот и на Балканот.

-р Ванчо Милошевски, одговорен на Музејот на железницата
-р Ванчо Милошевски, одговорен на Музејот на железницата

„Оваа музејска поставка ја содржи, еве како што гледате на паноата, целата, во кратки црти, историја на железниците во Македонија. Значи од почетокот, но претходно, нормално објаснување има и за почетоците на железниците, како настанале во светот. Значи со таа индустриска револуција, со првата парна машина од Џејмс Ват, па потоа продолжува со Џорџ Стивенсон за првата железничка линија која е пуштена од Стоктон до Дарлингтон во Англија и нормално пред почетокот на изградба на железниците во Македонија, како биле патиштата, објаснување од почеток до ден денешен“, додава Милошевски.

Пензионираниот железничар Драган Ацевски на музејот му подарил макети на локомотиви и вагони кои што самиот ги изработил и Милошевски со гордост ги покажува на посетителите.

„Особено во летниот период има многу странски посетители бидејќи музејов се наоѓа во транспортниот центар, значи ова е главна Железничка станица Скопје и тука е автобуската станица и секој патник што ќе помине од тука се интересира да влезе во овој музеј“, истакна м-р Ванчо Милошевски, одговорен на Музејот на железницата.

Музејот на железницата претставува експонати од автентични железнички канцеларии, примероци од стари пруги и вагонски делови, телекомуникациски уреди и сообраќајни средства, како и овие стари часовници кои се уште го мерат времето. Меѓу предметите кои кај многумина будат интерес, па дури и носталгија се старите фенери, дактилографски машини, печати и билети, кондуктерска опрема и книгата за впечатоци во која се потпишал тогашниот претседател на поранешната Југословенска република, Јосип Броз Тито како и оваа интерактивна макета со возови на која е прикажана првата железничка станица во Скопје за време на Отоманската империја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG