Линкови за пристапност

Погребан Морси, откако почина во судница во Каиро


Поранешниот египетски претседател почина вчера од срцев удар за време на неговото судење за шпионажа

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, првиот демократски избран шеф на државата, и кој беше соборен од Армијата во 2013 година е погребан, откако вчера почина во судница во Каиро.

Официјалните лица изјавија дека 67-годишниот Морси се обратил во судот во Каиро за време на судењето за обвиненијата за шпионажа, по што му се слошило и паднал на подот.

Според информациите на Државната телевизија, Морси бил однесен во болница, каде била констатирана смрт од срцев удар.

Одбраната на Морси рече дека членови на неговото семејство денес присуствувале на молитва во џамија во затворот, по што бил погребан на гробиштата во квартот Наср Сити.

Синот на Морси рече дека безбедносните агенции не дозволиле тој да биде погребан во семејната гробница во неговиот град, и инсистирале тој да биде погребан на гробиштата во Каиро, посветени на проминенти исламисти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG