Научниците на НАСА велат дека сликите со висока резолуција на далечната страна на месечевата површина, направени со Лунарниот извидувачки орбитер на агенцијата, индицира дека месечевата кора е раздвоена на места каде се формирал грабенот.
Грабен се тесни, линеарни ровови кои типично се многу подолги отколку широки и од секоја страна завршуваат со најмалку две бразди. Научниците велат дека тие се формираат кога кората на Месечината се растегнува, се крши и кога се прават вдлабнатини. Иако староста на овие појави на површината во моментов не се знае, истражувачите проценуваат дека линеарните ровови не се постари од 50 милиони години, но дека може да бидат и многу понови.
Астрономите велат дека биле изненадени од грабен на сликите зашто се сметало дека внатрешноста на Месечината се оладила премногу за видот на активност потребна да се креираат долги линеарни ровови. Грабенот исто така е знак дека Месечината не била сосема формирана во раните фази на својата еволуција, како што се формирани карпестите планети како Земјата, Марс и Венера. Научниците велат дека само месечевата надворешност на почетокот се стопила при формирање, креирајќи површина покриена со растопени карпи.
Месечината се смета дека се формирала од јагленисани остатоци креирани кога објект со величина на Марс ја погодил многу младата, сеуште растопена Земја пред околу 4,5 милијарди години.