Линкови за пристапност

Инцидент во парламентот на Црна Гора поради законот за вероисповед


Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска ги осуди хаотичните сцени во парламентот, откако пратениците го усвоија законот за вероисповед.

Насилните сцени во собранието резултираа со притвор на сите про-српски опозициски пратеници.

„Го осудувам овој чин, кој е несоодветен и неодговорен кон другите пратеници и кон граѓаните на Црна Гора. Но, верувам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи. Денес, владата покажа дека е способна да овозможи квалитетен дијалог во однос на едно чувствително и во исто време и важно прашање“, рече црногорскиот премиер.

Гласањето следеше по протестите ширум државата од страна на приврзаниците на Српската православна црква, кои реагираат дека законот ѝ го одзема имотот на црквата, вклучително и средновековни манастири и цркви.

Владата го негираше ваквото тврдење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG