Линкови за пристапност

Стејт департмент: Вратата на НАТО останува отворена


Црна Гора денеска официјално станува 29-та членка на Алијансата

По тој повод, американскиот Стејт департмент објави соопштение во кое меѓу другото се наведува дека „членството на Црна Гора ќе поддржи поголема интеграција, демократска реформа, трговија, безбедност и стабилност на сите нејзини соседи. Приклучувањето на Црна Гора воедно за другите аспиранти реафирмира дека вратата на НАТО останува отворена за оние држави кај коишто постои волја и способност да ги спроведат потребните реформи да одговорат на високите стандарди на НАТО, и да ги прифатат ризиците, одговорностите како и бенефициите на членството“, стои во денешното соопштение на Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG