Линкови за пристапност

Црна Гора поканета во НАТО


Во коминикето се вели дека НАТО останува на политиката на отворени врати и дека ја почитува определбата на Македонија за членство во алијансата.

НАТО официјално ја покани Црна Гора да ѝ се придружи на алијансата, во првото нејзино проширување од 2009-та година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во средата ја соопшти одлуката за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, нарекувајќи го „историско достигнување“ за нацијата кога некогаш беше дел од Југославија.

Со големиот број реформи направени во државата за усогласување со барањата од НАТО, Црна Гора се` уште треба да исполни одредени задачи меѓу кои и серија на разговори за пристап со официјални претставници на НАТО, пред официјално да стане членка.

Заменикот премиер на Црна Гора, Игор Лукшиќ, за време на состанокот со НАТО во Брисел, во среда, кажа дека поканата е „голема чест“ и „историска пресвртница“ од осамостојувањето на Црна Гора пред девет години. Лукшиќ забележа дека нацијата од само 650.000 жители се` уште треба да работи на реформи и да се заложи дека ќе продолжи да се бори против корупцијата и организираниот криминал и во исто време ќе гради посилна јавна поддршка за членството во НАТО.

Тој изјави дека постигнувањето на Црна Гора е добра вест за останатите земји на Балканот бидејќи „е силен поттик за безбедноста и стабилноста на целиот регион.“

Русија изрази незадоволство од придружувањето на Црна Гора кон ривалите од запад. Русија во Црна Гора гледаше погодна дестинација за одмор и добра локација за странски инвестиции.

Соседите на Црна Гора, Хрватска и Албанија се дел од НАТО од 2009-та година, а Србија е единствена земја на Балканот која не се обидува да ѝ се придружи на алијансата.

Коминикето ја споменува и Македонија, велејќи дека останува цврстата определба на Алијансата за интеграција и на државата во НАТО. „Га почитуваме цврстиот придонес на оваа земја за нашите операции и нејзината долгорочна определба во процесот за членство во НАТО“, стои во документот.

XS
SM
MD
LG