Линкови за пристапност

Џукановиќ победник во првиот круг гласање


Според прелиминарните проценки, премиерот Мило Џукановиќ кој на функцијата бил шест пати, е победник на претседателските избори во Црна Гора. Џукановиќ и претходно беше претседател на државата.

Резултатите на независниот Центар за мониторинг и истражување, покажуваат дека Џукановиќ освоил 54 проценти од гласовите, обезбедувајќи победа уште во првиот круг гласање.

„Резултатите ги подразбирам како потврда силната определба на Црна Гора да продолжи по европскиот пат, пат којшто ќе ни` донесе целосно членство во ЕУ“, истакна тој.

Неговиот главен противник, Малден Бојаниќ, освои 33 проценти.

Ова е прво гласање откако Црна Гора стана членка на НАТО во декември, и на Џукановиќ се гледаше како на тест, со оглед што поддржува на интеграција во Европа, во споредба со потесни врски со традиционалниот сојузник Москва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG